Развојните цели на Боки се насочени кон постојано истражување на извозно-увозниот пазар, зголемување на профитот и подобрување на организацијата во работењето.
ТДАТ БОКИ Дооел е основана во 1992 год. со само едно возило. Со текот на времето фирмата прераснува во целосно екипирана и професионална компанија за меѓународен транспорт.
Возниот парк е во сопственост на компанијата и бројот на вработени во континуитет се зголемува. Денес располагаме со 27 возила со највисок ЕУРО 6 стандард кои претежно се на релација од Балканот до Западна Европа и обратно.